ТЕНИС – СО ТРИУМФОТ НА ТУРНИРОТ ВО АДЕЛАИДА

Новак Ѓоковиќ од Србија е победник на тенискиот турнир во Аделаида (Австралија) од серијата 250, со триумфот во финалето долго три часа и девет минути, во кое го победи Себастијан Корда од САД, со 6-7, 7-6, 6-4, откако во вториот сет спаси и една меч-топка на ривалот.
Тоа е неговиот 92. трофеј во кариерата, со што се израмни со Шпанецот Рафаел Надал, и сега двајцата се на четвртото место на таа листа, на која води Џими Конорс (САД) со 109 пехари од турнирите, пред Роже Федерер (Швајцарија) со 103 и Иван Лендл (Чешка) со 94.
Ѓоковиќ победи на 34 последователни натпревари на турнири во Австралија од почетокот на 2019 година и на 23 од претходните 24 натпревари вкупно, пишува Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) на својата интернет-страница.
Идната недела во Мелбурн почнува првиот годинашен гранслем-турнир Австралија опен.


ОСВОЈУВАЧИ НА НАЈМНОГУ ТРОФЕИ

Џими Конорс 109
Роже Федерер 103
Иван Лендл 94
Новак Ѓоковиќ 92
Рафаел Надал 92