КОЊИЧКИ СПОРТ

На теренот Хиподром, на скопскиот коњички клуб Илинден, во скопската населба Маџари, денеска, од 10 часот, ќе се одржи првиот „Септемвриски коњички турнир“, како и четвртото финално коло од Лига-првенството на Македонија во прескокнување пречки со коњи за 2022 година. На програмата се три натпревари во прескокнување пречки, и тоа првиот насловен „Избери го својот пат“, вториот „Поголеми и побрзи“ и третиот е ревијален натпревар, со висина на пречките од 0,90 до 1,10 и со 1,20 метар широчина. Утре, од 10 часот, на истиот терен, во организација на скопскиот коњички клуб Вивакс, ќе се одржи вториот „Септемвриски коњички турнир“, како и второто коло од Купот на Македонија за годинава. Според распоредот, ќе има четири натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц и еден ревијален натпревар, со висина на пречките од еден до 1,20 метар и 1,35 метар широчина. Г.И.