Фото: Игор Бансколиев

ФУДБАЛ

Репрезентацијата на Франција ја победи селекцијата на Австрија, со 2-0, во меч од фудбалската Лига на нации (ЛН), а вториот гол го постигна Оливие Жиру, напаѓачот на италијански Милан. Тој на возраст од 35 години и 357 дена стана најстариот што постигнал гол за „триколорите“. Жиру е 70 дена постар од Роже Марш, кога тој постигна гол против Шпанија во декември 1959 година. Жиру досега одигра 113 натпревари за Франција и постигна 49 гола, само два помалку од рекордните 51 на Тиери Анри. Л.Д.