ЏУДО – ТУРНИР „ФИЛИПОС“ ВО ГРЦИЈА

На меѓународниот турнир во грчкиот град Аминдео, младите џудисти на Сеишин од Прилеп, кои настапија со 12 натпреварувачи, освоија еден златен, шест сребрени и два бронзени медали. Успехот е дотолку поголем ако се знае дека на турнирот настапија над 500 џудисти од 14 држави: Македонија, Турција, Црна Гора, Украина, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Ирска, Грузија, Ерменија, Германија, Франција, Бугарија и Грција.
Во категоријата помлади пионери, првото место го освои Ване Ацески, а Владан Стрезовски, Арсениј Димески, Христијан Бунески и Иван Јошески ги освоија вторите места. Во категоријата помлади пионери втори места освоија Бисера Јовеска и Тамара Стојковска, а трета е Матеја Николоска. Во категоријата кадетки, третото место, а со тоа и бронзениот медал, ѝ припадна на Теона Настоска.
Викендов се очекува настап на џудо-турнирот „Прилеп град херој“, кој ќе биде во организација на ЏК Сеишин. Г.И.