Фото: Г.И.

На теренот на коњичкиот клуб Анималс во Дрма, Идризово (скопско), денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи вториот Октомвриски коњички турнир, како и третото коло – финале од Отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање.

Според план-календарот на Федерацијата на коњички спортови на Македонија, на програмата се четири интересни натпревари, во категорија А, категорија М, категорија ЛМ и категорија Пони, со избор на слободна програма и музика во траење од 3-4 минути.

Г.И.