Момент од мечот Македонија - Чешка

И машката и женската репрезентација на Македонија загубија во првото коло на ЕП во Будва, со идентични 0,5-3,5

ШАХ – ПОЧНА ЕВРОПСКОТО ЕКИПНО ПРВЕНСТВО

Македонската машка (2.604 просечен рејтинг, рангирана 32-та од 38 селекции пред почетокот на турнирот) и женска репрезентација (1.919, 32.) почнаа со порази во првото од деветте кола на Европското екипно првенство (ЕП) во шах во Будва (Црна Гора). Шахистите загубија од Чешка (2.604, рангирана 13-та), а шахистките од Словачка (2.267, рангирана 16-та) и двете со идентични 0,5-3,5. Кај мажите ремизира ИМ Тони Лазов на дуелот со ВМ Степан Зилка, а кај жените ЖФМ Моника Стојковска со ИМ Ева Репкова, и двајцата со бели фигури.
Во второто коло, вчера, шахистите предводени од селекторот Атанас Кизов за ривал ја имаа Грузија (2.538, рангирана 23-та), а шахистките, под водство на селекторот Љубиша Андоновски, играа со Шведска (2.182, рангирана 24-та). Во првото коло кај мажите се случија три изненадувања. Данска (рангирана 20-та) го победи со 3-1 прворангираниот Азербејџан, Норвешка (рангирана осма), на чело со поранешниот светски првак Магнус Карлсен, одигра 2-2 со Словачка (рангирана 27.), а нерешено заврши и дуелот Романија (рангирана втора) – Австрија (рангирана 21.). Кај дамите, пак, Германија (рангирана трета) ремизира 2-2 со Грција (рангирана 21.). Г.И.

ЖФМ Моника Стојковска

Македонија – Чешка 0,5-3,5

ИМ Никола Николовски (2.405) – ВМ Давид Навара (2.695) 0-1
ИМ Филип Панчевски (2.441) – ВМ Таи Даи Ван Нгуен (2.624) 0-1
ИМ Тони Лазов (2.377) – ВМ Степан Зилка (2.609) реми
ФМ Андреј Велјаноски (2.289) – ИМ Рихард Сталмах (2.420) 0-1

Македонија – Словачка 0,5-3,5
ЖФМ Моника Стојковска (2.047) – ИМ Ева Репкова (2.323) реми
Ивана Манова (1.941) – ЖВМ Зузана Боросова (2.262) 0-1
Катерина Петровска (1.844) – ЖИМ Светлана Суцикова (2.191) 0-1
Сања Трајковска (1.844) – ЖИМ Алена Мрвова (2.154) 0-1