ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ
Интернационалниот мајстор (ИМ) Филип Панчевски единствен освои цел поен од четворицата македонски претставници во шестото коло на Европското првенство (ЕП) во шах во Ефорие Норд (Романија). Панчевски (2.421, рангиран 152. пред почетокот на ЕП) со црни фигури го победи Израелецот Даниел Илиагуев (2.247, рангиран 106.). ИМ Емил Ристески (2.365, рангиран 183.) ремизира со бели фигури со Украинецот Олекси Карватски (2.114, рангиран 300.). Партиите ги загубија Тони Лазов (2.400, рангиран 167.) со бели фигури од ВМ од Грузија, Гига Купарадѕе (2.543, рангиран 72.) и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Роберт Велески (2.092, рангиран 309.), со бели фигури од англискиот ФМ Сохум Лохија (2.365, рангиран 184.).
Вчера беше слободен ден на ЕП 2025, а денеска е седмото од предвидените 11 кола. Засега Панчевски има 3,5 поени и е 126-ти на табелата, Лазов е 185-ти, Ристески 203-ти, двајцата со по три поени, а Велески е на 262-то место со 2,5 поена, но и 12,2 новоосвоени рејтинг-поени. И понатаму води 28-годишниот ВМ Данил Јифа (2.654, рангиран 11.) од Шпанија, со 5,5 поени. На ЕП 2025 играат 375 шахисти од 40 држави (100 ВМ, два ЖВМ, 75 ИМ, девет ЖИМ, 72 ФМ, осум ЖФМ). Г.И.