Вкупно 40 јапонски града не сакаат да примат на гости спортистите кои ќе учествуваат на олимписките игри, објави агенцијата Ројтерс.

Јапонија регистрираше 500 градови за да ги пречекаат олимпијците. Во овие градови треба да бидат организирани тренинг-кампови. 40 одо овие градови одлучиле да не го направат тоа поради преоптовареноста на медицинските ресурси од четвртиот бран на коронавирусот.

Олимписките игри во Токи, лани беа одложени поради пандемијата, тие треба да се одржат годинава од 23 јули до 8 август.