Але­ксан­дар Ма­лен­ко е пре­тсе­да­тел на не­по­стој­на Пли­вач­ка фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја (ПФМ), ко­ја е пре­ре­ги­стри­ра­на во На­ци­о­нал­на­ пли­вач­ка фе­де­ра­ци­ја (НПФ) со ва­лид­но ре­ше­ние за вр­ше­ње деј­ност из­да­де­но од Цен­тра­лен ре­ги­стер. Ма­лен­ко и по­на­та­му манипу­ли­ра со ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ка­ко и со Свет­ска­та пли­вач­ка асо­ци­ја­ци­ја (ФИНА). Кај не­го сѐ уште се ко­до­ви­те за при­стап до ФИНА за офи­ци­јал­на ко­му­ни­ка­ци­ја, ка­ко што се при­ја­ву­ва­ње пли­вач(к)и за нат­пре­ва­ру­ва­ња, из­ја­ви пре­тсе­да­те­лот на Националната пливачка федрација на Македонија, Але­ксан­дар Фи­лип­чев, на денешната прес-кон­фе­рен­ци­ја, а во вр­ска со пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња во ма­ке­дон­ско­то пли­ва­ње.

Во ме­ѓу­вре­ме Ма­лен­ко пре­ку ПФМ на­вод­но при­ја­вил се­дум­ми­на пли­вач(к)и за на­стап на прет­стој­но­то Европ­ско пр­венс­тво (ЕП) во Бу­дим­пе­шта (Ун­га­ри­ја), кое тре­ба да се одр­жи од 17 до 23 мај.

– Тоа е уште ед­на од ни­за­та оп­струк­ции на Ма­лен­ко во ми­на­ти­те две го­ди­ни. Тој не е под­го­твен за ка­ква би­ло со­ра­бо­тка. Не е јас­на и си­ту­а­ци­ја­та око­лу тоа кои пли­ва­чи ќе ја прет­ста­ву­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја на Лет­ни­те олим­пи­ски игри (ЛОИ) во То­кио ле­то­во. Крајниот рок е до кра­јот на ју­ни, а ка­ко и до­се­га од не­кол­ку­те кан­ди­дат(к)и би тре­ба­ло да се од­бе­ре ед­на пли­вач­ка и еден пли­вач со најм­но­гу бо­до­ви, од­нос­но Б-нор­ма, кои би до­би­ле т.н. спе­ци­јал­на по­ка­на. И ту­ка е мат­на ра­бо­та­та, Ма­ке­дон­ски­от олим­пи­ски комитет (МОК) е на стра­на­та на Ма­лен­ко, од­нос­но ПФМ ја сме­та за ле­ги­тим­на, а со нас не ко­му­ни­ци­ра. Но за­ко­нот е на на­ша стра­на, по­твр­да за тоа е ре­ше­ни­е­то од Цен­тра­лен ре­ги­стер, а че­ка­ме и на ре­ак­ци­ја­та од Аген­ци­ја­та за мла­ди и спорт (АМС), ко­ја тре­ба да ѝ ста­ви крај на оваа ло­ша си­ту­а­ци­ја, ко­ја е на ште­та на пли­ва­ње­то во Ма­ке­до­ни­ја – истак­на Фи­лип­чев.

Од стра­на на НПФ на Ма­ке­до­ни­ја до Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво на Ма­ке­до­ни­ја е под­не­се­на но­ва кри­вич­на при­ја­ва про­тив т.н. пре­тсе­да­тел Але­ксан­дар Ма­лен­ко од т.н. Пли­вач­ка фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и за дру­го кри­вич­но де­ло, а по­стап­ка­та е во тек.

– Имај­ќи го пред­вид по­го­ре­ре­че­но­то, ги по­ви­ку­ва­ме над­леж­ни­те ор­га­ни да прев­зе­мат дејс­тви­ја спре­ма Олим­пи­ски­от ко­ми­тет на Ма­ке­до­ни­ја и т.н. ПФМ со т.н. пре­тсе­да­тел Але­ксан­дар Ма­лен­ко и да утвр­дат на кој на­чин, на ко­ја ос­но­ва, цел и кол­ку фи­нан­си­ски средс­тва од Ин­тер­на­ци­о­нал олим­пи­ски ко­ми­тет (ИОК) и Свет­ска­та пли­вач­ка асо­ци­ја­ци­ја (ФИНА), од стра­на на Олим­пи­ски­от ко­ми­тет на Ма­ке­до­ни­ја, се да­де­ни и по­тро­ше­ни за актив­но­сти на т.н. ПФМ со т.н. пре­тсе­да­тел Ма­лен­ко – бе­ше ре­че­но меѓу другото на денешниот прес на НПФ на Македонија. Л.Д.