Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека нема да учествува на турнирот во Синсинати (САД).

Според него, тој треба да размислува за здравјето.

– Жал ми е, но морам да објавам дека нема да играм во Синсинати оваа година. Морам да размислувам за моето здравје и физичка состојба. Морам да останам здрав, како сега. Многу сум благодарен на мојот пријател Андре Силва, директор на турнирот во Синсинати, кој има разбирање за мене и мојата ситуација – изјави Надал.

Шпанецот синоќа победи на Мастерсот во Торонто, а турнирот во Синсинати почна денеска.