Збогум легендо, почивај во мир

Почина Сергеј Божиќ-Цегер, член на одбојкарскиот тим на Вардар, кој во 1976 година го освои шампионатот на СФР Југославија и учествуваше на фајналфор-турнирот во Купот на шампионите на Европа во 1977 година, во Финска.

Цегер, вечното момче кое го тренирав повеќе од 18 години, по многу нешта беше исклучителен и вонсериски. Подготвен за надигрување во секој момент.

За волја на вистината, не беше ударната игла во шампионската машинерија, но со сигурност беше главниот архитект во создавањето на атмосферата на самодоверба, поттик и верба во победа и тогаш кога тоа изгледаше невозможно.

Беше неколку години повозрасен од мене, но никогаш не ги одбиваше моите совети и
поставените задачи.

Не секогаш ги почитуваше тактичките директиви и рационалните решенија. Највозрасниот играч во тимот беше најпалавото дете кое одбојкарскиот натпревар повеќе го сфаќаше како забава и како надигрување. Едноставно, Цегер беше ненадоместлив и неповторлив забавувач за публиката, а главоболка за мене.

Ти благодарам за се што и подари на одбојката, на одбојкарскиот клуб Вардар во 30-
годишната кариера.

Со почит и вечна благодарност!

Таки Џиков