Фото: Илустрација/ Игор Бансколиев

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 (0-0) против големиот фаворит Италија, во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ понуди солидна игра на нашиот национален состав. Македонските фудбалери одиграа рамноправно со европскиот првак.
Водечкиот гол за Италијанците го постигна Имобиле, а за анулирање на предноста на противникот се погрижи капитенот Енис Барди со мајсторски гол од слободен удар.

Во продолжението од мечот, Италијанците се обидоа да наметнат игра, меѓутоа немаа доволно време. Завршните минути понудија по некое возбудувања пред двата гола, но без резултатски промени. По двата порази во низа од Украина и Англија, Македонија останува на четврта позиција на табелата со 4 бода, исто колку што има Италија, но со меч помалку. Украина е втора со 7, а Англија лидер со 13 бодови.