Ракометарките на ЖРК Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Кузман Вардар со 52-12 (25-4), со што ја остварија и шестата победа во исто толку одиграни мечеви и ја задржаа водечката позиција на табелата во Суперлигата.

Најефикасни ракометарки во победничката екипа беа Мила Трајковиќ со 9 и Бранкица Марковиќ со 6 гола, додека кај гостинската екипа најпрецизни беа Андреа Ангеловска со 5 и Јована Ангеловска со 3 погодоци.

Во досегашниот тек од првенството Куманово, Металург и Вардар се издвоија според квалитетот и најавија борба за челната позиција на табелата, па се очекува меѓу нив да се бара и новиот шампион.

Во наредното коло екипата на ЖРК Куманово ја очекува едно од најтешките гостувања есенва, бидејќи ќе ги одмери силите со ЖРК Металург во Скопје.
Т.Д.