Македонската репрезентација за ракометарки до 18 години со пласман на 12. позиција ги заврши настапите на Светското првенство во Скопје.
Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, избраничките на селекторот Љубомир Савевски во меч за 11. место загубија од врсничките од Хрватска со 28-32.
Емилијана Ризоска со девет и Ива Младеновска со пет погодоци беа најефикасни во македонскиот состав, каде Марија Јовановска забележа девет одбрани.
Во победничката репрезентација најефикасна беше Анџела Жагор со девет гола.
Вечер се играат мундијалските полуфинални средби Холандија – Данска (18.15 часот) и Јужна Кореја – Унгарија (20.30 часот).