Фото: МИА

Кадетскиот тим на Алкалоид e победник на вториот меморијален турнир „Марко Божиновски“ што се одржува во чест на прерано починатиот македонски ракометар и репрезентативец.

Алкалоид победи на турнирот на кој учествуваа екипите на Коњух од Босна и Херцеговина и македонските Е. Пелистер, Бутел Скопје, Голден Арт и Аеродром.

Алкалоид победи на сите четири одиграни натпревари. Во првото коло беше подобар од Коњух со резултат 30-27. Во второто коло го совлада тимот на Аеродром со резултат 48-21, а потоа во полуфиналето го елиминираше тимот на Бутел Скопје (27-16).

Во финалето, Алкалоид одново се сретна со екипата на Коњух, која пак, во полуфиналето беше подобра од Е. Пелистер (34-28).

Македонскиот тим по втор пат на турнирот беше подобар од Коњух. Конечниот резултат е 26-25.