Ракометната академија Металург го одржа својот традиционален, седмиот по ред „Новогодишен турнир“.

Во салата „Автокоманда“ продефилираа преку 200 дечиња опфатени со работа во Академијата, од школите во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци и од Кичево.
На турнирот настапија 21 екипи, поделени во три старосни категории (2006/07, 2008/09 и 2010 и помали), кои одиграа 20 натпревари.

Имајќи предвид дека поголем број од децата се целосни почетници, борбата за пласман беше во втор план. Најважно беше да се настапи, да се покаже дека успешно се совладуваат првите пречки, а на крајот Дедо Мраз се погрижи сите деца да добијат заслужени подароци.