Ракометната федерација на Македонија в четврток во продавницата на „Д-спортска опрема“ ќе го промовира новиот дрес за Мундијалот во Германија и Данска.

„Со нов дрес до нови победи ” е мотото со кое РФМ в четврток официјално ќе го промовира новиот дрес на ракометната репрезентација. Дрес со кој нашите најдобри ракометари ќе настапат на престојниот мундијал кој ќе се одржи во јануари во Данска и Германија.

На настанот ќе се обратат преставници на Ракометната фендерација на Македонија, селекторот Раул Гонзслес и капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров.

Присутни ќе бидат и репрезентативците кои на дресовите што ќе се продаваат по промотивни цени ќе ги стават своите автограми. Настанот ќе се случува во продавницата на „Д-спортска опрема“, кој е официјалниот партнер на македонската репрезентација, во склоп спортската арена “Филип Втори” со почеток во 14 часот.