На СП 2021 играа 17 европски селекции, три повеќе од претходно предвидениот број

РАКОМЕТ

На следното ракометно Светско првенство (СП), кое во 2023 година треба да се игра во Полска и во Шведска, Европа би требало да биде застапена со 15 селекции. Место на следниот Мундијал треба да има за годинашниот светски првак, кој ќе биде од Европа, за четирите најдобропласирани селекции на Европското првенство во 2022 година, за двете селекции домаќини на првенството, а другите осум места треба да се распределат по одигрување квалификациски дуели.
Според информациите, по пет места треба да добијат најдобропласираните селекции на шампионатите на Азија и на Африка во 2022 година, четири места за најдобрите во првенството на Јужна Америка за 2022 година, едно место за Северна Америка, а две места треба да има за селекции со т.н. вајлд-карта (покана), за селекции што не оствариле пласман на СП 2023.
На СП во Египет играа 17 европски селекции, три повеќе од претходно предвидениот број, откако двете вајлд-карти ИХФ им ги додели на европски селекции, а по откажувањето на САД, настапи Швајцарија како 17-та европска репрезентација на СП.