Подмладениот состав на Металург загуби од Спортинг во Лисабон со 26-34, во вечерашниот меч од првото коло на ракометната Лига на шампионите (ЛШ).

Првото полувреме помина во изедначена игра, завршувајќи нерешено 13-13, но домаќинот успеа да дојде до триумф во вториот дел. Клучната разлика беше направена на десет минути пред крајот, кога Португалците поведоа со пет гола разлика и ја одржаа предноста до крајот.

Кај Металург најефикасни беа Марио Танкоски со шест гола и Мартин Серафимов кој реализираше петпати, додека кај Спортинг, Карлос Руезга и Педро Солја забележаа по шест погодоци. 

Металург во следното коло е домаќин на турски Бешикташ, на 23 септември.