Фото: Дарко Андоновски

Ракометарите на Вардар на убедлив начин се пласираа во четврт-финалето во Лигата на шампионите (ЛШ), откако денеска славеа над Загреб со 32-30 во Скопје, со што го добија двомечот од осминафиналето со вкупен резултат од 59-48. Ова е шеста сезона едноподруго во која „црвено-црните“ изборија учество меѓу осумте најдобри во Европа.

Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со девет гола, додека кај Загреб се истакна Златко Хорват со 11 погодоци.

Македонскиот првак во четврт-финалето ќе ги одмери силите со подобриот од утрешниот дуел помеѓу унгарски Сегед и полска Висла (прв меч 22-20).  

Меѓу најдобрите осум екипи во ЛШ се пласираа и Нант на Кирил Лазаров, Веспрем и Киелце, придружувајќи им се на Барселона и на ПСЖ кои беа првопласирани по групната фаза. 

Фото: Дарко Андоновски/Момент од мечот Вардар – Загреб