фото: ШФМ

Ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник на Свет­ско­то по­е­ди­неч­но пр­венс­тво (СП) за ју­ни­о­ри (до 14, 16 и до 18 го­ди­ни) во Мон­те­сил­ва­но (Ита­ли­ја), Ан­тон Зла­тков (2.220 реј­тинг-по­е­ни, ран­ги­ран 46-ти пред по­че­то­кот на тур­ни­рот), по од­лич­на­та игра во пр­ви­те три пар­тии, го до­жи­веа пр­ви­от по­раз. Тој во ка­те­го­ри­ја­та до 16 го­ди­ни, во че­твр­то­то ко­ло со цр­ни фи­гу­ри за­гу­би од ер­мен­ски­от ФИДЕ-мај­стор (ФМ) Ерик Гас­пар­јан (2.320, ран­ги­ран 19-ти). Зла­тков за­се­га има 2,5 по­е­ни и е на 31-то ме­сто ме­ѓу 138 ша­хи­сти (шест ИМ, 33 ФМ) од 71 др­жа­ва.

Од дру­ги­те се­дум ма­ке­дон­ски прет­став­ни­ци, од кои три ша­хис­тки, кои игра­ат на СП, пр­ви за­бе­ле­жаа по­бе­ди Те­о­дор Јо­ва­нов­ски (2.140) во ка­те­го­ри­ја­та до 18 го­ди­ни и Ма­ла­кај На­сков (1.324) во ка­те­го­ри­ја­та до 14 го­ди­ни. Јо­ва­нов­ски бе­ше по­до­бар од Јор­да­не­цот Ра­кан Да­са (1.661) и се­га е 103-ти со 1,5 по­ен, ме­ѓу 134 ша­хи­сти (еден ВМ, 12 ИМ, 41 ФМ) од 69 др­жа­ви, до­де­ка На­сков од Езу­вел Му­те­ма од Зим­баб­ве мо­мент­но е на 161-то ме­сто со еден по­ен ме­ѓу 178 учес­ни­ци (два ИМ, 28 ФМ) од 80 др­жа­ви.

Кај ша­хис­тки­те, пак, за­се­га нај­до­броп­ла­си­ра­на Ма­ке­дон­ка е Ин­џи Ајра­ди­но­ска (1.594, ран­ги­ра­на 62.), ко­ја со еден по­ен (две ре­ми пар­тии) е на 72-то ме­сто ме­ѓу 86 ша­хис­тки (еден ЖВМ, че­ти­ри ЖИМ, еден ФМ, 18 ЖФМ) од 55 др­жа­ви.

На СП игра­ат вкуп­но 766 учес­ни­ци во си­те ка­те­го­рии (450 мом­чи­ња и 316 де­вој­чи­ња) од 92 др­жа­ви. Но­ви­те свет­ски пр­ва­ци по ка­те­го­рии ќе би­дат прог­ла­се­ни по оди­гра­ни­те 11 ко­ла.

Г.И.