Фото: МИА

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по ремито против Унгарија (27-27) на стартот од Светското првенство изјави дека тимот треба да биде задоволен со освоениот бод против екипа која заврши на петтото место на последното првенство.

-Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа. Се виде неискуството на нашите играчи по тајм-аутот, направивме техничка грешка, иако можеби требаше порано да го викнам, истакна Лазаров по мечот.

Додаде дека е горд на својата екипа, како и на Македонија и нашите навивачи.

-Сите покажавме како се игра за својата земја. Ако се бориме во иднина како денес, резултатите сами ќе дојдат, изјави селекторот.