КОШАРКА – НБА

Бостон го декласира на гости моментално најдобриот тим во кошаркарската НБА-лига, Милвоки, со 140-99 и му се доближи во Источната конференција. Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 40 поени и осум скока, а Џејлен Браун уфрли 30 поени, со по пет скока и асистенции.
Бостон, кој погоди 22 тројки од 43 обида, сезонава води против Милвоки со 2-1 во меѓусебните дуели, а за Милвоки ова беше најубедливиот пораз во сезоната.
Во поразениот тим најефикасен беше Јанис Адетокумпо, со 24 коша и седум скока, Крис Мидлтон додаде 13 поени, пет скока и четири асистенции. Милвоки и понатаму е најдобар тим во лигата, со 55 победи и 22 пораза, и е прв на Истокот, потоа се Бостон со 53-24, Филаделфија со 50-26, Кливленд со 48-29, Њујорк со 44-33…
Во Западната конференција, пак, води Денвер со 51-25, иако загуби од Њу Орлеанс (88-107), потоа се Мемфис со 48-28, Сакраменто со 46-30, Феникс со 41-35, Лос Анџелес клиперс со 41-36… Г.И.