Валтер Таварес

Во финалето во Каунас, Шпанците минимално со 79-78 го победија грчки Олимпијакос

КОШАРКА – ЕВРОЛИГА, ФАЈНАЛФОР

Реал Мадрид е новиот европски првак, откако во драматично финале на Евролигата во Каунас (Литванија) го совладаа грчкиот претставник Олимпијакос со 79-78 (17-24, 28-21, 14-18, 20-15). Серхио Родригез го предводеше шпанскиот тим до титулата со 15 поени и девет скока, Валтер Таварес имаше дабл-дабл ефект со 13 поени и 10 скока, Марио Хезоња постигна 12 коша, додека кош помалку уфрли Фабиен Козер. Кај Грците прв стрелец беше Александар Везенков со 29 поени, Ајзеа Кенан даде 21, а Шекил Мекисик 14 поени.
Во поголемиот дел на второто полувреме предноста беше на страната на Олимпијакос, кој на две минути до крајот водеше со шест коша (78-72), но со поените на Серхио Љуљ на три секунди до крајот, Реал Мадрид поведе со 79-78. Последниот напад Олимпијакос не го искористи, Костас Слукас промаши.
Ова е 11-та титула за Реал Мадрид во Евролигата, а наедно и прв трофеј по сезоната 2017/2018. Олимпијакос, пак, остана на трите титули, а последната беше во сезоната 2012/2013.
Кошаркарот на Реал Мадрид и репрезентативен центар на Зелено`ртските Острови, Валтер Таварес (31) беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на завршниот фаналфор-турнир во Каунас. Во полуфиналето против Барселона, тој постигна 20 поени, а имаше и 15 скока.
Третото место го освои тимот на Монако, кој со 78-66 ја победи Барселона. Во полуфиналните дуели, пак, Олимпијакос го победи Монако со 76-72, додека Реал Мадрид беше подобар од Барселона со 78-66. Г.И.