Фото: ЕПА . EPA/JIM BRYANT

Вкупно седум играчи и еден тренер добиваат признание за нивниот исклучителен придонес во кошарката

КОШАРКА – ФИБА

Избран е составот на новата класа на славните на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) за 2024, а Реџи Милер од САД и српскиот миленик Предраг Стојаковиќ се само две од истакнатите имиња што ќе влезат во Куќата на славните. Секој член ќе биде одликуван на церемонијата планирана во Сингапур во септември. Седум играчи и еден тренер ќе добијат признание за нивниот голем придонес во кошарката – пишува ФИБА на својата интернет-страница.
Милер е поранешен олимписки и победник на СП во кошарка со САД, а особено е почитуван неговиот придонес во НБА-лигата со неверојатни 18 сезони. Тој постигна 25.000 коша, од кои 2.560 тројки и има настапи на пет Олстар-настапи во НБА-лигата. Стојаковиќ го освои златото на СП во 2002 година со поранешна Југославија, како и титулата на ЕП во 2001 година, кога беше крунисан за МВП. Тој постигна многу успеси и на клупско ниво, особено со освојувањето на НБА-првенството во 2011 година со Далас. Стојаковиќ е трикратен НБА-олстар играч, а двапати победи и на натпреварите за три поени.
Летонката Скаидрите Смилџина-Будовска со поранешниот СССР трипати го освојуваше СК во кошарка и пет пати ЕП. Трикратната олимпијка од Кина, Миао Лижие, играше четири пати на СК, а хрватската ѕвезда Данира Накиќ-Билиќ ја прослави Југославија, натпреварувајќи се на ЛОИ, СК и ЕП. Кирк Пени е награден за настапот со Нов Зеланд на две ЛОИ и на четири СП, додека африканската кошарка може да го слави колосот на Централноафриканската Република, Ромен Сато, што е на списокот. Бекот постигна огромен успех на клупско ниво, вклучувајќи ги и титулите во Евролигата, Еврокупот, шпанската лига, но четири титули во италијанското првенство. Американецот Ден Петерсон е избран во класата тренери за 2024 година, со освоени пет италијански титули и голем број индивидуални тренерски признанија. Г.И.


Играчи

Миао Лиџие (Кина)
Реџи Милер (САД)
Данира Накиќ-Билиќ (Хрватска)
Кирк Пени (Нов Зеланд)
Ромен Сато
(Централноафриканска Република)
Скаидрите Смилџина-Будовска
(Летонија)
Предраг Стојаковиќ (Србија)
Тренери
Даниел Петерсон (САД)