Фото: ЕПА

Во секоја сала во која влегував или тим во кој играв, секогаш бев најмалото дете во тимот. Отсекогаш го имав тој потценувачки начин на размислување. Имаше многу луѓе што ми кажуваа што не можам да направам или што не можам да бидам. Морав да го прифатам сето тоа и речиси на секое ниво, од девет години до средношколска кошарка, имаше многу бариери во смисла на тоа кој мислев дека сум како кошаркар и што мислат луѓето за мене. Стигнав до точка кога добив една понуда од мал колеџ и сѐ што ми требаше беше мала можност и тренер што верува во мене. Другото е историја, вели Кари

КОШАРКА

Стивен Кари, четирикратен победник на кошаркарската НБА-лига со Голден стејт, изјави за „Скај спорт“ дека „паднал на тестот за вид“ како дете, обидувајќи се да направи нешто во спортот пред да стане еден од најголемите. Кари (35) израсна како една од најпрепознатливите фигури во професионалната кошарка во претходната деценија, држејќи ги највисокиот процент во слободни фрлања во историјата на НБА (91 отсто) и рекордот во НБА за погодени тројки во регуларен дел од сезона, со 402 во 2016 година, соборувајќи го претходниот сопствен рекорд од 286.
Тој ги освои титулите во НБА во 2015, 2017, 2018 и во 2022 година, а беше прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на НБА во 2015 и во 2016 година. Тој е десеткратен учесник на олстар-натпреварите во НБА. Сепак, неговото патување до врвот не беше едноставно.
– Навистина е убаво да се зборува за потеклото на мојата кошаркарска кариера. Кошарката ми е во крвта. Татко ми (Дел Кари) играше во НБА 16 години и, така, имаше мал внатрешен конфликт околу тоа кошарката да биде дел од семејниот бизнис. Кога доаѓав низ младите категории играјќи организирана кошарка, кога имав девет години, бев низок и навистина не го положив тестот за вид. Во секоја сала во која влегував или тим во кој играв, секогаш бев најмалото дете во тимот. Отсекогаш го имав тој потценувачки начин на размислување од самиот почеток. Имаше многу луѓе што ми кажуваа што не можам да направам или што не можам да бидам. Морав да го прифатам сето тоа и речиси на секое ниво, од девет години до средношколска кошарка, имаше многу бариери во смисла на тоа кој мислев дека сум како кошаркар и што мислат луѓето за мене. Го носев потценетиот дух докрај, не добив многу писма за ангажман на факултет или понуди за стипендии од многу од големите школи од Првата дивизија во колеџ-кошарка и навистина доцна процветав. Стигнав до точка кога добив една понуда од колеџот Дејвидсон, кој е мало училиште во Северна Каролина, кое имаше околу 1.900 студенти во тоа време, и сѐ што ми требаше беше мала можност и тренер што верува во мене. Другото е историја оттогаш натаму. Одам кон мојата цел како кошаркар, развивајќи одлична работна етика, на која се потпирам до денес. Сега имам 15 години во НБА и се обидувам да продолжам што е можно подолго, но тој потценет начин на размислување уште постои и живее во мене и денес и кул е да го оставам тоа да се разграни и во голфот – вели Кари.
Во минатата година Кари ја лансира турнејата „Потценетиот голф“, со фокус на обезбедување правичност, пристап и можност за младите голфери, кои инаку можеби никогаш немале шанса да искусат национални настани. Турнејата, која се состои од четири регионални настани на некои од најпрестижните терени во САД, ќе ја почне сезоната 2024 во Велика Британија.
На прашањето од каде доаѓа неговиот нагон да продолжи да се обидува да ја продолжи кариерата од соништата, Кари вели дека тоа е нешто што тој чувствува дека секогаш било таму.

– Го имав, но беше потврдено од луѓето што видоа како се справувам. На моменти веројатно би можеле да го наречете заблуда. Можете да ме гледате како лутото дете што се обидува да го чува најдобриот играч на паркетот, обидувајќи се да играм со конкуренти што беа над мене, затоа што чувствував дека припаѓам. Но, тоа беше потврдено од луѓето околу мене што рекоа: „Продолжи да го правиш тоа што го правиш, продолжи да веруваш во себе и продолжи да размислуваш на тој начин, да ја користиш секоја можност што ја добиваш за да играш кошарка“. Го носев тоа. Тешкиот дел сега е кога сте постигнале мал успех, постои искушение да го изгубите тој дух и начин на размислување, и морав да се потсетам од каде дојдов и колку далеку сум за да го одржам тоа. Гледајќи ја следната генерација деца на кои имам способност да влијаам и да инспирирам и да помогнам да се создадат можности за некои работи што ги правам надвор од теренот. Чувствувам дека има нешто во начинот на кој ја играм играта. Дури и ако ме видите како играм против момците во НБА-лигата во моментов, сепак, изгледам како најмалиот човек таму, но се обидувам да играм многу над мојот раст. Луѓето гравитираа кон начинот на кој играм и се надевам дека беа инспирирани од тоа – рече Кари за „Скај спорт“. Н.М.