КОШАРКА – НБА
Лука Дончиќ стана првиот кошаркар што по сезоната 1962/1963 постигнал 30 или повеќе поени во воведните седум натпревари во една сезона на НБА-лигата, а вкупно трет во историјата на натпреварувањето.
Овој подвиг го постигнале само уште двајца играчи во историјата, Легендарниот Вилт Чембрлен го држи рекордот, во сезоната 1962/1963, кога успеа да уфрли 30 или повеќе поени во првите 23 дуели од сезоната. Истиот играч ја држи и втората најдолга серија, а тоа го направи осум пати во сезоната 1959/1960, како и Џек Твајман, кому тоа му успеало во сезоната 1959/1960 во првите седум натпревари.
Дончиќ претходно стана првиот кошаркар што на шест меча стигнал до 200 поени, 50 скока и 50 асистенции. Во првите седум дуели од сезоната, тој има просек од 36,1 поени, втор во овој статистички параметар е Јанис Адетокумпо со 33,6 поени. Дончиќ беше најдобар поединец на мечот во кој Далас славеше во неизвесен натпревар против Јута, со 103-100, постигнувајќи 33 поени, со пет скока и 11 асистенции.
Моментно во Западната конференција, Далас е девети, со резултат 4-3, Јута е четврта (6-3), а води Феникс (6-1). Во Источната конференција, прв со максимален ефект (7-0) е тимот на Милвоки. Г.И.