Македонската телевизија вчера го претстави видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на „Јуниорскиот евросонг“.

Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11 декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.

Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.