Фото: Игор Бансколиев

КОШАРКА – НБА

Кошаркарот на Далас, Словенецот Лука Дончиќ, по санирањето на повредата на дуелот со Феникс и неиграњето на мечот против Јута, на импресивен начин се врати на теренот во победата во НБА-лигата над Детроит, со 111-105, кој, пак, е моментално е меѓу двата најслаби тима во Источната конференција, заедно со Хјустон.
Предводникот на Далас претставуваше нерешлива енигма за гостите, а по натпреварите со Хјустон (50 поени), Њујорк (60) и со Сан Антонио (51), четврти пат сезонава уфрли барем 50 поени. Покрај стандардниот Дончиќ, во Далас единствен друг кошаркар што постигна двоцифрен број поени (12) беше Спенсер Динвиди, а на спротивната страна најефикасен беше Бојан Богдановиќ, со 29 коша. Со новата победа, Далас моментално има ефект од 26 победи и 25 порази, со што го задржа чекорот во трката за директен пласман во плејофот. Детроит со резултат 13-38 е претпоследен. На Истокот води Бостон (36-15), пред Денвер (36-14), Филаделфија (32-16)… Г.И.