Фото: ЕПА

Американецот беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на олимпискиот турнир во Париз

Џејмс: Не се гледам на ЛОИ во Лос Анџелес

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс (39) изјави дека не планира да игра за САД на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година, пренесува ЕСПН. Тој со репрезентацијата на САД во финалето на ЛОИ во Париз ја совладаа Франција со 98-87 и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на олимпискиот турнир.
– Не, не се гледам себеси како играч на ЛОИ во Лос Анџелес, но не се гледав ниту во Париз! Следните ЛОИ се за четири години – изјави Џејмс, кој е член на Лос Анџелес лејкерс од 2018 година.
Џејмс со САД на олимпијадите има освоено вкупно три златни и еден бронзен медал. Најдобрата петорка на ЛОИ во Париз ја сочинуваат кошаркари што постојано заслужуваат место меѓу најдобрите, а тоа се Никола Јокиќ, Стеф Кари, Леброн Џејмс, Денис Шрудер и Виктор Вембенија. Сепак, според навивачите, контроверзниот избор за МВП што заврши во рацете на Џејмс е признание за кое многумина мислат дека требало да му припадне на Србинот Никола Јокиќ или на Американецот Стеф Кари, кој беше убедливо најдобар играч во полуфиналето и финалето на олимпискиот турнир. Г.И.