Фото: Луис Хамилтон (инстаграм)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, заврши на третото место на денешната трка за Големата награда на Британија. Британецот го освои подиумот во Силверстоун по рекорден 13. пат.

Хамилтон го собори рекордот на Михаел Шумахер по број на подиуми на едно патека.

– Многу сум благодарен за напорната работа на тимот што го подготви ажурирањето. Станавме подобри и ќе продолжиме да работиме. Подиумот беше огромен бонус. Ќе дадеме се од себе и ќе испратиме позитивни пораки до сите вас, изјави Хамилтон, за „Скај спорт“.

Воедно, Хамилтон е единствениот пилот кој ги извози сите десет трки во досегашнито дел од сезоната во Формула 1. Тимскиот колега Џорџ Расел освоија бодови на девет од десетте трки во 2022. 

Шпанскиот возач, Карлос Сајнц од тимот на Ферари победи на трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун, којашто ја одбележаа карамболот на стартот, остри дуели на патеката и возбудлива завршница. За Сајнц ова беше првата победа во кариерата.