Вест Хем вечерва ја победи Фиорентина со 2-1 во финалето на Конференциската лига на УЕФА одиграно во Прага.
Победата на лондонци им ја донесоа погодоците на Саид Бенрама, кој реализираше пенал во 62. минута и Џерод Боуен, кој погоди во 90. минута Стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим беше Џакомо Бонавентура во 67. минута.
Ова е прв трофеј за „чеканите“ од 1980 година кога тимот го освои ФА Купот.
Италијанските екипи остануваат без трофеј и во второто финале сезонава. Во финалето на Лига Европа, Рома загуби на пенали од Севилја.
Шанса италијанскиот фудбал да освои европски трофеј годинава останува на 10 јуни за кога е закажано финалето на Лигата на шампионите во кое Интер ќе се соочи со Манчестер сити.