ФУДБАЛ – КОПА АМЕРИКА
Најтрофејните репрезентации, Аргентина и Уругвај, кои освоија по 15 титули досега, како и дебитантот Канада, меѓу четирите најдобри на годинашната Копа Америка се пласираа по изведувањето пенали, а Колумбија победи по 90 минути игра, на средбата со Панама
Аргентина – Канада и Уругвај – Колумбија се полуфиналните двојки на Копа Америка, фудбалското првенство на Јужна Америка, кое се игра во САД. Средбите на програмата се в среда и в четврток, а финалето е в понеделник, во Мајами.
Најтрофејните репрезентации, Аргентина и Уругвај, кои освоија по 15 титули досега, како и дебитантот Канада, меѓу четирите најдобри на годинашната Копа Америка се пласираа по изведувањето пенали, на средбите со Еквадор, Бразил, односно со Венецуела. Колумбија победи по 90 минути игра, на средбата со Панама, со 5-0.
Уругвај се пласира во полуфиналето на Копа Америка првпат откако го освои турнирот во 2011 година, а го исфрли Бразил првпат во четири обиди од 1995 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Колумбија е во серија од 27 натпревари без пораз, Аргентина ќе игра за трета титула едноподруго (Аргентина е актуелен светски и јужноамерикански првак), а дуелот со Канада ќе биде втор годинава на Копа Америка, откако играа меѓу себе и во групната фаза, пишува АП. Н.М.