Фото: Маја Јаневска-Илиева

ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

Од денеска почнува продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година, на 6 септември (од 20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на влезница за натпреварот е 300 и 500 денари, информира Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на Мктикетс (MKTickets) со физичко присуство на купувачите, пишува ФФМ. Н.М.