Фото: Маја Јаневска-Илиева

Утре се мечевите од осминафиналето на Лигата на шампионите, Лајпциг – Реал Мадрид и Копенхаген – Манчестер сити, в среда играат ПСЖ – Сосиедад и Лацио – Баерн, а идната недела има уште четири меча. В четврток продолжуваат и натпреварите во Лига Европа и во Конференциската лига

ФУДБАЛ

Со утрешните први осминафинални мечеви во кои се среќаваат Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Реал Мадрид, односно Копенхаген и актуелниот европски првак Манчестер сити, по точно два месеца пауза продолжува 69-та сезона во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). В среда на програмата се уште два дуела (Пари Сен Жермен – Сосиедад и Лацио – Баерн), а идната недела уште четири (Интер – Атлетико Мадрид, ПСВ – Борусија Д., Порто – Арсенал и Наполи – Барселона). Реваншите се во март. В четврток продолжуваат и натпреварите во Лига Европа и во Конференциската лига.
– Реал е тежок противник, но тоа е ЛШ, ќе направиме сѐ што можеме. Знаеме за квалитетите на играчите. Многу добро го познавам Џуд Белингем. Мислам дека за два-три месеца стана омилен играч на сите гледачи таму – рече Марко Розе, тренер на Лајпциг, пренесе Европската фудбалска унија (УЕФА).
Лајпциг и Реал Мадрид во минатата сезона играа меѓу себе во групната фаза (двата тима забележаа по една победа дома).
– Лајпциг е тим што се натпреварува, што се бори, има добри поединци. Имаа 2-0 со Манчестер сити во групната фаза, па јасно е дека имаат многу квалитет – вели Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид.
И Копенхаген и Манчестер сити играа меѓу себе лани во групната фаза (0-0 и 5-0 за Манчестер сити), а сега се среќаваат во осминафиналето.
– Тоа е најтешката можна ждрепка, тие се најдобриот тим во светот. Покажавме дека е можно да се постигне добар резултат дома со нив. Станува збор за искористување на шансите и остварување поволен резултат пред мечот во Манчестер – вели Јакоб Неструп, тренер на Копенхаген, пренесе УЕФА.
Сосиедад прими најмалку голови во групната фаза сезонава, два.
– Мислам дека не сме свесни што правиме, што постигнува овој тим. Клучот е да имате многу добри играчи, кои ќе одат до дното на бунарот следејќи ги идеите на тренерот. Тогаш треба да бидете храбри – изјави Иманол Алгуацил од Сосиедад, по ремито кај Интер со кое го осигури првото место во групата. Н.М.


Само Реал Мадрид е без измени во составотСекој тим од Лигата на шампионите што остана во натпреварувањето сезонава можеше да регистрира тројца фудбалери што ги исполнуваат условите на листата А, за продолжението на европската клупска сезона, по што само Реал Мадрид во пролетниот дел влегува без измени во составот во однос на групната фаза, според податоците на интернет-страницата на Европската фудбалска унија. Само Реал Мадрид нема нови фудбалери во составот, ниту играчи што заминале во зимскиот преоден рок. Без нови фудбалери се и Манчестер сити и Лацио, од кои заминале по еден играч, Калвин Филипс, односно Андреа Пета. Н.М.


ЛШ, ОСМИНАФИНАЛЕ

ВТОРНИК
Копенхаген – Манчестер сити утре
Лајпциг – Реал Мадрид утре
СРЕДА
ПСЖ – Сосиедад среда
Лацио – Баерн среда

20 ФЕВРУАРИ
Интер – Атлетико Мадрид 20.2
ПСВ – Борусија Д. 20.2
21 ФЕВРУАРИ
Порто – Арсенал 21.2
Наполи – Барселона 21.2

Реваншите се од 5 до 13 март

ЛИГА ЕВРОПА, ПЛЕЈОФ

Феенорд – Рома четврток
Јанг бојс – Спортинг четврток
Галатасарај – Спарта П. четврток
Шахтер – Марсеј четврток
Милано – Рен четврток
Ленс – Фрајбург четврток
Бенфика – Тулуз четврток
Брага – Карабаг четврток

Реваншите се седум дена подоцна. Директно во осминафиналето се пласираа Вест Хем, Брајтон, Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Вилјареал, Славија Прага и Баер

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, ПЛЕЈОФ

Штурм – Слован четврток
Сен-Жилоаз – Ајнтрахт четврток
Олимпијакос – Ференцварош четврток
Молде – Легија четврток
Сервет – Лудогорец четврток
Бетис – Динамо З. четврток
Ајакс – Бодо/Глимт четврток
Макаби Х. – Гент четврток

Реваншите се седум дена подоцна. Директно во осминафиналето се пласираа Лил, Макаби Тел Авив, Плзен, Клуб Бриж, Астон вила, Фиорентина, ПАОК и Фенербахче