ФУДБАЛ
Кога Мануел Ноер излезе на теренот на стадионот во Хјустон за натпреварот на Германија на Светското првенство (СП) против Курасао, тој стана само деветтиот фудбалер што бил светски првак и одново заиграл на СП 12 години подоцна, информира Светската фудбалска федерација (ФИФА). Германскиот голман, кој се пензионира од репрезентацијата во 2024 година, но ја смени својата одлука во мај годинава, блескаше за време на финалето во Бразил во 2014 година, кога Германија ја освои својата четврта светска круна. Потоа настапи и на СП 2018 и СП 2022, пред да одигра цели 90 минути во победата на Германија на дуелот со Курасао, со 7-1.
Претходно на оваа листа се запишаа Серхио Бускетс (Шпанија, првак во 2010 година, настапи на СП 2022), Тиери Анри (Франција, СП 1998, СП 2010), Кафу, Роналдо (Бразил, СП 1994, СП 2006), Франко Барези, Даниеле Масаро (Италија, СП 1982, СП 1994), Пеле (Бразил, СП 1958, СП 1970, првак на двете првенства) и Вилијам Мартинез (Уругвај, СП 1950, СП 1962). Н.М.
СП 2026, РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ
Група А
Мексико – Ј. Африка 2-0
Ј. Кореја – Чешка 2-1
Група Б
Канада – БиХ 1-1
Катар – Швајцарија 1-1
Група Ц
Бразил – Мароко 1-1
Хаити – Шкотска 0-1
Група Д
САД – Парагвај 4-1
Австралија – Турција 2-0
Група Е
Германија – Курасао 7-1
Брегот на СК – Еквадор 1-0
Група Ф
Холандија – Јапонија 2-2
Шведска – Тунис 5-1
Група Г
Белгија – Египет синоќа
Иран – Нов Зеланд 3 ч.
Група Х
Шпанија – Зелено`ртски О. синоќа
С. Арабија – Уругвај 0 ч.
Група И
Франција – Сенегал 21 ч.
Ирак – Норвешка утре, 0 ч.
Група Ј
Аргентина – Алжир утре, 3 ч.
Австрија – Јордан утре, 6 ч.
Група К
Португалија – ДР Конго утре, 19 ч.
Узбек.- Колумбија четврток, 4 ч.
Група Л
Англија – Хрватска утре, 22 ч.
Гана – Панама четврток, 1 ч.


































