Даиши Камада/Фото: Твитер - Официјален профил на Лига Европа

Можно е германско финале во во фудбалската Лига Европа, судејќи според првите полуфинални натпревари во кои Ајнтрахт Франкфурт го победи Вест Хем со 2-1 на гости, додека Лајпциг беше подобар од Глазгов Ренџерс со 1-0 пред својата публика.

Франкфурт поведе преку Ансгар Кнауф уште во првата минута, Микел Антонио израмни во 40-та минута, а Даиши Камада го постигна решавачкиот погодок во 54-та минута.

Лајпциг славеше  со погодокот на Анхелињо во 85-та минута.

Реваншите во Франкфурт и во Глазгов се играат идниот четврток.


Феенорд го доби ефикасниот дуел со Марсеј, Рома остана непоразена во Лестер

Феенорд триумфира над Марсеј со 3-2, додека Лестер и Рома ремизираа 1-1 во првите полуфинални мечеви од Конференциската лига.

Холанѓаните имаа водство од 2-0 преку Сириел Десерс и Луис Синиестра, за гостите од Франција да израмнат со головите на Бамба Диенг и Жерсон за 2-2 на полувреме. Десерс го постигна победничкиот гол на почетокот на вториот дел.

Лоренцо Пелегрини и донесе предност на Рома во 15-та минута, за Лестер да израмни со автоголот на Џанлука Манчини во 67-та минута.

Реваншите се за седум дена во Марсеј и во Рим.