Фото: Маја Јаневска-Илиева

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со 29 фудбалери за двата меча од квалификациите за пласман на Европското првенство в година, со Украина на 16 јуни во Скопје и со Англија три дена подоцна во Манчестер. Македонија во првото коло ја победи Малта со 2-1, дома. Во групата Ц, Англија има шест бода од две средби, по три имаат Македонија (од еден меч) и Италија (од два), а Украина (еден меч) и Малта (два меча) се без бодови.
– Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите. Во овие речиси две години одигравме само еден натпревар комплетни, со Португалија. Ќе се обидеме да одиграме на едно високо ниво против две силни репрезентации. Првиот меч е со Украина, концентрирани сме само на тој натпревар, за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери – вели Милевски, пренесе Фудбалската федерација на Македонија.
Состав: голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дени Илиев, Игор Алексовски. Одбрана: Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Стефан Ристовски, Езѓан Алиоски, Егзон Бејтулаи, Никола Серафимов, Владица Брдаревски, Бојан Димоски, Јован Манев. Среден ред: Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, Давор Здравковски, Сефер Емини. Напад: Александар Трајковски, Милан Ристовски, Дориан Бабунски, Ваљон Етеми, Илија Несторовски, Љупче Дориев, Стефан Ашковски. Н.М.