Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски смета дека неговите избраници ја надиграа репрезентацијата на Бугарија на денешниот натпревар од Лигата на нации кој заврши 1-1.
–-Мислам дека Македонија беше многу подобар тим на теренот. Не сум задоволен од резултатот. Ги контролиравме настаните, имавме добри ситуации кои не ги реализиравме, но јас сум среќен со изданието на мојот тим – истакна Милевски.
Неговиот колега од бугарскиот национален тим, Јасен Петров смета дека неговата селекција може повеќе.
– Нашата желба беше да победиме, но вистината е дека сретнавме многу добро воигран противник. На моменти не успеавме да ја контролираме средината на теренот. Направивме многу грешки. Знам дека нашиот тим може повеќе. Денеска Играчите сакаа да победат, наша грешка беше примениот гол – истакна Петров.