Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ја освои рекордната петта по ред француска „златна копачка“, по одигрувањето на последното коло сезонава, по кое Рен стигна до место во Лига Европа, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Мбапе постигна 29 гола и е најдобар стрелец петти пат, изедначен со францускиот великан Жан-Пјер Папен и пензионираните аргентински напаѓачи Карлос Бјанки и Делио Онис. Францускиот шампион ПСЖ и второпласираниот Ленс се пласираа во групната фаза на Лигата на шампионите, а третопласираниот Марсеј избори пласман во третото квалификациско коло на тоа европско клупско натпреварување. Рен е трет, а Лил е на четвртото место и обезбеди место во плејофот за Конференциската лига.