Аргентина или Колумбија ќе игра против Шпанија или Англија во четвртата меѓусебна средба на фудбалските прваци на Јужна Америка и на Европа, т.н. Финалисима, в година. Новиот европски првак ќе биде познат в недела, по средбата за трофејот на Европското првенство во Германија, во која Шпанија ќе игра за рекордната четврта титула, а Англија за првата. Годинашниот шампион на Јужна Америка ќе биде одреден в понеделник рано наутро по финалето на Копа Америка во САД, во кој Аргентина ќе игра за рекордната 16-та титула, а Колумбија за втората.
Ваков интерконтинентален натпревар досега се одржа трипати, во 1985, 1993 и беше обновен во 2022 година, по потпишувањето меморандум помеѓу Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) и Европската фудбалска унија (УЕФА). Во првиот дуел на фудбалските прваци на тие два континента Франција го победи Уругвај со 2-0 во 1985 година во Париз, потоа двапати славеше Аргентина, во 1993 година триумфира на пенали со Данска (5-4 по ремито 1-1), во Мар дел Плата, а потоа и на дуелот со Италија, во 2022 година, со 3-0, во Лондон. Н.М.