Ламине Јамал (17) е прогласен за најдобар млад фудбалер на годинашното Европско првенство (ЕП). Наградата за најдобар млад играч се доделува од 2016 година, а претходни победници беа Ренато Санчес (Португалија, на ЕП 2016) и Педри (Шпанија, на ЕП 2020). Јамал на ЕП 2024 е и најдобриот асистент со четири асистенции (една во финалето) и фудбалер со најмногу дриблинзи, 32, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА издвои и некои рекорди на Јамал, и тоа за најмлад играч на ЕП (16 години и 338 дена), најмлад стрелец на ЕП (16 г., 362 д.), најмлад полуфиналист на ЕП или на светско првенство (16 г., 362 д.), најмлад финалист на ЕП или на светско првенство (17 г. и еден ден), најмлад стрелец во квалификации за ЕП (16 г., 57 д.), втор најмлад играч што некогаш настапил на натпревар од Лигата на шампионите (16 години и 68 дена)… Н.М.