На Гвинеја ѝ е одземена организацијата на финалниот турнир на фудбалскиот Куп на нации на Африка поради недостигот од соодветна инфраструктура и капацитети, пишува „Би-би-си“.
– Купот на нации на Африка во 2025 година што ѝ беше доделен на Гвинеја нема да се одржи таму, бидејќи таа земја уште не е подготвена за такво нешто – изјави претседателот на Фудбалската конфедерација на Африка (КАФ), Патрис Моцепе.
Мароко, кој годинава беше домаќин на Купот на нации за жени, има намера да се пријави за домаќин на натпреварувањето во 2025 година. Л.Д.