Франција сега има поголеми ѕвезди од Антоан Гризман, а опасностите од него не беа видливи во мечот од осминафиналето на фудбалското Светско првенство во Катар. Откако Англија се обиде да го запре Килијан Мбапе, на Гризман му беше дозволено да ја игра улогата на диригент во средниот ред на Франција, пишува британски „Телеграф“. Не беше блескава вечер, но тој направи две асистенции и ја покажа супериорноста на својот тим преку прецизните додавања, формира триаголник со Усаман Дембеле и со бекот Жил Кунде на десната страна, само Кунде, со 49, имаше повеќе додавања за Франција од 48-те на Гризман, а тој и Кунде, исто така, ја предводеа листата со допири на топката за Франција, со по 58, пишува „Телеграф“.
Кариерата на Гризман почна како крило пред да еволуира во втор напаѓач со многу креативни тенденции. Сега тој има централно присуство во сите акции, тој е врска помеѓу средниот ред и нападот, првиот играч од средниот ред во светот со плитка поставеност и, како таков, тој направи одлична работа на СП во Катар, истовремено пополнувајќи ги отсутните Пол Погба и Н’Голо Канте, пишува „Телеграф“. Неговото прво полувреме против Англија беше комплетирано со најлесната асистенција што некогаш ќе ја регистрира, за воведниот гол на Орелиен Чуамени. На 12 минути до крајот на мечот, Гризман изведе прекрасен центаршут за Оливие Жиру за гол за победа со 2-1.