Предложените мерки вклучуваат одмор за играчите, минимум 72 часа помеѓу два натпревара таму каде што е можно, и еден задолжителен ден за одмор неделно

ФУДБАЛ

Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да одобри создавање нова работна група поради загриженоста за здравјето на професионалните фудбалери. Според извори блиски до настанот, претстојното одобрување на новата група доаѓа како дел од разговорите околу идниот меѓународен календар на натпревари на состанокот на Советот на ФИФА одржан во вторникот во Кигали. Помеѓу другите иницијативи насочени кон заштита на здравјето на спортистите, работната група треба да предложи низа стратегиски принципи во врска со заштитата на здравјето на играчите.
Предложените мерки вклучуваат задолжителен годишен период за одмор за играчите, минимум 72 часа помеѓу два натпревара таму каде што е можно, и еден задолжителен ден за одмор неделно, а сите играчи треба да ги почитуваат овие заштитни мерки.
Новата работна група ќе има задача да спроведе мултидисциплинарен преглед за тоа како овие заштитни мерки може да се применат на практичен, пропорционален и правичен начин низ глобалната фудбалска структура. Работната група ќе има претставници од засегнатите страни, вклучувајќи и од ФИФПРО, како и медицински и технички експерти.
Иницијативата ја доби поддршката од сите конфедерации за време на процесот на консултации и сега бара само одобрување за да се започне. Г.И.