Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од другите мечеви денеска, по 15 години ќе има дуел на две француски екипи во нокаут-фаза на ЛШ, Брест – Пари сен Жермен

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Манчестер сити и Реал Мадрид вечерва (од 21 часот) четврта сезона по ред ќе играат меѓу себе во нокаут-фазата на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), овој пат во плејофот за пласман во осминафиналето. Дополнително, тимот што напредуваше по ваквите дуели во секоја од претходните три сезони ја заврши својата сезона со титула во Лигата на шампионите, и тоа Реал Мадрид во 2022 и во 2024 година, за титулите број 14 и 15, а Манчестер сити ја освои својата прва во 2023 година, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).
– Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, треба да ги победите најдобрите – рече голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, пренесе УЕФА.
По 15 години ќе има дуел на две француски екипи во нокаут-фаза на ЛШ, откако во плејофот ќе се сретнат Брест и Пари сен Жермен (од 18.45 часот). Јувентус и ПСВ Ајндховен ја почнаа сезоната во лигашкиот дел со меѓусебна средба во првото коло на стадионот на Јувентус и сега, откако тие повторно се среќаваат во Торино. Откако обезбеди пласман во нокаут-фазата со ремито 1-1 против Болоња во осмото коло, Спортинг е подготвен за уште една средба под висок притисок, овој пат против Борусија Дортмунд, кој влегува во плејофот со новиот тренер Нико Ковач.
Во утрешните дуели се среќаваат Клуб Бриж – Аталанта, Феенорд – Милан, Селтик – Баерн и Монако – Бенфика. Реваншите на програмата се идната недела. Н.М.


ЛШ, ПЛЕЈОФ

Брест – Пари сен Жермен 18.45 ч.
Манчестер сити – Реал Мадрид 21 ч.
Јувентус – ПСВ Ајндховен 21 ч.
Спортинг – Борусија Д. 21 ч.
Клуб Бриж – Аталанта утре, 18.45 ч.
Феенорд – Милан утре, 21 ч.
Селтик – Баерн утре, 21 ч.
Монако – Бенфика утре, 21 ч.