Кога станува збор за највисокото клупско фудбалски натпреварување во Европа, Реал Мадрид е водечки, освои најмногу трофеи. Тие играа, победија, ремизираа и загубија повеќе мечеви од која било друга екипа, а и според головите, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница.
Реал Мадрид играше во 51 издание на Европскиот куп на шампионите и во Лигата на шампионите, 11 повеќе од најблискиот ривал Бенфика, и вкупно 445 натпревари во елитното натпреварување, 87 повеќе од второпласираниот тим Баерн Минхен.
Клубовите на табелата на УЕФА за натпреварувањата од 1955 година се рангирани според вкупниот број теоретски поени (два бода за победа, еден за нерешен резултат…). Реал води со 607 бода, а потоа се Баерн со 495, Барселона со 459, Манчестер јунајтед со 380, Јувентус со 361, Милан со 314, Ливерпул со 298, Бенфика со 287, Порто со 286, Ајакс со 271 итн.