Легендарниот капитен на Рома и поранешен италијански фудбалски репрезентативец, Франческо Тоти синоќа ја претстави автобиографијата.

На 42-от роденден на Тоти пред 300 избрани гости во „Колосеумот“ во Рим, Венсан Кандела, Марчело Липи и Клаудио Раниери прочитаа пасуси од книгата, што ја илустрира поранешната 25-годишна професионална кариера на поранешниот фудбалер.

„Ун Капитано“ е напишана со коавторство на новинарот Паоло Кондо.

– Никогаш не сум прочитал ниту една книга, ова е прва – се пошегува Тоти.

Дел од средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани во Детската болница во Рим.