Според податоците на „Гардијан“, во англиската Премиер-лига досега се потрошени најмногу, потоа следуваат италијанската Серија А, шпанската Ла лига, француската Лига 1 и германската Бундес-лига

Европските фудбалски клубови од најсилните пет лиги на Стариот Континент (Англија, Франција, Шпанија, Италија и Германија) во летниот преоден рок досега потрошиле околу 1,84 милијарда фунти (околу 2,07 милијарда евра) за 725 трансфери, според специјалната интерактивна интернет-страница на британскиот дневен весник „Гардијан“. Така, според весникот, досега има два трансфера од над 70 милиони фунти (околу 78 милиони евра), уште еден над 60 милиони (околу 67 милиони евра), други три над 50 милиони фунти (околу 56 милиони евра) итн.
Помеѓу двете сезони досега клубови смениле и, на пример, Каи Хаверц од Баер во Челси, Виктор Осмихе од Лил во Наполи, Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона, Тимо Вернер од Лајпциг во Челси, Лирој Сане од Манчестер сити во Баерн, Дони ван де Бек од Ајакс во Манчестер јунајтед, Хаким Зијеч од Ајакс во Челси, Артур од Барселона во Јувентус итн.

Според податоците на „Гардијан“, во англиската Премиер-лига досега се потрошени околу 807 милиони фунти (околу 905 милиони евра), во италијанската Серија А околу 540 милиони (околу 606 милиони евра), во шпанската Ла лига околу 460 милиони (околу 516 милиони евра), во француската Лига 1 околу 427 милиони (околу 479 милиони евра) и во германската Бундес-лига околу 370 милиони фунти (околу 415 милиони евра).
„Гардијан“ има интерактивна страница и за трансферите на фудбалерките, па, така, според податоците досега биле направени 696 трансфери во летниот преоден рок.