Фото: Серхио Агуеро/Твитер

Славниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро (33) мора да ја заврши кариерата поради здравствени причини, а ваквата одлука ќе ја соопшти на прес-конференција наредната недела.

Искусниот напаѓач на Барселона се пожали на болка во градите во текот на мечот со Алавес на 30 октомври, по што медицинските прегледи открија дека има аритмија.

Агуеро во текот на кариерата играше и за Индепендиенте, Атлетико Мадрид и за Манчестер сити.